Обука по германски стандарди

 

"ЦСО создава успешен образовен концепт според германски стандарди и барањата на пазарот на трудот."
За нас

ЦСО – Центарот за Стручна Обука е со седиште во индустрискиот комплекс на ЕМО Охрид, каде што освен канцелариите се наоѓаат и училниците за теоретска настава како и полигоните за практична обука. ЦСО е прв ваков центар во Македонија, кој ги подготвува кандидатите и тие кои ќе го поминат крајниот избор од страна на обучувачот, кој работи за идниот работодавач во Германија, можат да стапат во работен однос со германската фирма.
6
Предавални

6
Инструктори

16
Обуки
Обучувачи од Германија
Теоретска настава
Практична обука
Подготвеност за работа

Обука и работа за млади со завршено средно образование

Лица на возраст 18-25 год. кои сакаат да се надоградуваат, да стекнат искуство и соодветна диплома за нивната струка

ШТО НУДИМЕ НИЕ?

  • 6 месечен бесплатен курс по германски јазик до А2 ниво
  • после 1 месец – договор за учење во Германија
  • обука за апликација за виза во Германска амбасада
  • сместување во Охрид за време на обуката

ШТО ДОБИВАТЕ ВО ГЕРМАНИЈА?

  • 3 годишна стручна обука
  • Организирано сместување
  • Минимален месечен надомест 850 до 1000 ЕУР (нето)
  • Пензиско и здравствено осигурување

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?

  • Високо-квалитетно образование по германски стандарди
  • Стекнување на практично работно искуство и вештини
  • Диплома, која е призната во ЕУ
  • После 3 годишната обука стекнување на статус на сертифициран занаетчија
  • Можност за водење работен тим

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА?

  • Преку е-маил: info@cso.mk
  • Лично во канцелариите на ЦСО
  • Потребни документи при апликација:
    • CV со фотографијa
    • копии од свидетелства
    • останати сертификати
Струки: кнауфери, монтери на скелиња, обложувачи на подови, плочкари, молери/фарбари, паркетари, поставувачи на индустриски подови, електомонтери, водоинсталатери, монтери на парно греење, пекари, месари.

Пријава на нови кандидати за обука

ЦСО во соработка со агенцијата за посредување на персонал „Пелла“ потпиша договори со германски работодавачи за стручна подготовка и отстапување на персонал за секторот монтажа и демонтажа на скелиња, поставување на индустриски подови, отстранување на веќе недозволени градежни материјали и монтажа на дограма.  Aгенцијата „Пелла“ е одговорна за пријавата, распоредувањето и системската обработка на базата на податоци на потенцијалните кандидати. Доколку сакате да се пријавите за наредна обука тоа можете да го направите на веб страната на Пелла: www.agencypella.com
©2019 Центар за стручна обука - Охрид.