Кандидатите за нас

Горан Марически, кандидат
Обуката беше организирана на многу професионално ниво и јас сметам дека вакви проекти се иднината на младите во нашата земја. Кога пристигнавме во Германија бевме пречекани од соработник на германската фирма, кој е исто така со македонско потекло. Тој ни помогна околу отворањето на нашите сметки во германска банка и не однесе во куќата кај што сме сместени. Куќата е реновирана и целосно опремена со нов мебел и апарати за домаќинство. Спиеме по двајца во соба и имаме 3 купатила и 2 кујни во куќата. Започнав со работа и многу сум задоволен од се. Многу им благодарам на ЦСО и сите учесници во овој проект.

Многу сум благодарен што ни се отвори ваква шанса за иднина во Германија. Јас сум многу задоволен од нашиот обучувач. Му благодариме за неговиот труд и трпение со сите нас.

Душко Бошевски, кандидат
Многу ми се допадна обуката за монтажа и демонтажа на скелиња, која беше изведена на многу професионален начин од страна на ЦСО под водство на обучувачот од Германија. Посебен впечаток ми оставија високиот степен на безбедност и тимската работа.

Јас сум многу задоволен од организираните обуки од страна на ЦСО и мислам дека и работодавачите во Германија ќе бидат задоволни од нас.